Полицијата на Бразил, САД, Велика Британија, Франција и Шпанија, после подолготрајни разузнувачки активности заплени два тона кокаин од јахта во Атлантски Океан, вреден 70 милиони евра и уапси двајца странци на возраст од 51 и 53 години, соопшти португалската полиција. Акцијата ја спроведе португалската морнарица .
Запленувањето се случило во екстремно тешки временски услови, бидејќи во тоа време дувала силна бура, пренесува АП.
фото: The Times