Магазин

Дали е украдено логото на новоформираните вселенски сили на САД?

Доналд Трамп на Твитер го објави логото на новоформираните вселенски сили на САД, што многумина ги потсети на „Ѕвездени патеки“.

По консултациите со нашите големи воени водачи, дизајнери и други, со задоволство ви го претставувам логото на американските вселенски сили, шестиот род на нашата величествена армија“, напиша Трамп.

Логото на вселенските сили на САД ги содржи истите елементи како амблемот на командата на ѕвездената флота од култната научно-фантастична серија.

„Очекуваме да добиеме нешто на име на авторски права“, се пошегува Џорџ Такеи, кој беше дел од оригиналната постава на „Ѕвездени патеки“.

Пентагон појасни дека американските воздушни сили почнале да го користат симболот делта уште во 1942 година.

Ова уследи откако беше обелоденето дека вселенските сили ќе носат маскирни униформи, што ги поттикна коментарите дека можеби ќе мора да се кријат во вселенски грмушки.

На почеток