Свет

Борис Џонсон итно пренесен во болница со јаки симптоми на коронавирус

Британскиот премиер Борис Џонсон е примен во болница на тестирање; десет дена откако беше тестиран позитивно за коронавирус, објави синоќа Даунинг стрит. Џонсон продолжува да има постојани симптоми на вирусот, изјави портпарол на владата.

Џонсон на 27 март стана првиот водач на една голема сила што објави дека е позитивен. Тој отиде во изолација во стан во Даунинг стрит и во петокот рече дека останува таму бидејќи сѐ уште има висока температура.

фото: Архива

На почеток