Свет

За прв пат во историјата, цените на нафтата паднаа во минус

За првпат во историјата, цената на сировата нафта во САД отиде во негатива откако вчера цел ден имаше пад на берзите.Цената на нафтата достигна минус 30 долари, што практично значи дека трговците на купувачите им нудат 30 долари за барел, а се со цел да се ослободат од резервите кои се натрупани поради состојбата со корона вирусот. Нафтените компании дистрибуираат нафта бесплатно затоа што повеќе немаат каде да ја чуваат. Магацините се преполни, затоа купувачи нема никаде. Танкерите полни со нафта стојат пред пристаништата бидејќи немаат каде да патуваат.

Затворените граници, економската неактивност на компаниите, застојот во сообраќајот предизвикаа презаситеност на пазарот со нафта. Повеќе нема простор ниту за нејзино складирање во магацините, а резервоарите би биле преполни за три недели.

фото: Архива

На почеток