Актуелно

МААК-Власта ја злоупотребува вонредната состојба

Изминатиов период сме сведоци на груба злоупотреба на вонредната состојба од страна на техничката влада.  Со што наместо истата да се користи само за состојбата со цел справување со пандемијата од Ковид 19. Истата дели плати на рекетарската организација СЈО ,именува свои подобни судии и обвинители врши партиски вработувања, го тероризира народот,селективно се спроведува законот со што врши целосна дискриминација на не заштитените граѓани, ја покачува акцизата на нафтените деривати и цената на бензините, се вели во Соопштението на политичката партија Македонска Акција – МААК.

Затоа Македонска Акција МААК ја осудува одлуката на претседателот за продолжување на вонредната состојба за триесет дена, со што на власта и се дозволува да продолжи да ја злоупотребува својата моќ за истиот период.

 Го предупредуваме претседателот дека со оваа одлука станува  соучесник во злоупотребите на власта со што истото носи последици, додаваат од МААК.

фото: МААК

На почеток