Скопје

Шилегов не открива кој ќе пее за Нова година, ама Цеца нема да биде

Вечерва ќе почне украсување на улиците во Скопје за новогодишните празници. Првата улица која ќе блесне празнично ќе биде Илинденска.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.

За тоа кој ќе пее на новогодишната прослава, Шилегов одговори дека граѓаните ќе бидат известени кога ќе биде донесена одлука. Скопје, рече, дефинитивно нема да ја дочека „Новата“ со Цеца.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток