Актуелно

Единствена Македонија: Најавата за прогон на владиката Агатангел е најава за рушење на МПЦ, ова мора да го спречиме

Најавата за прогон на владиката Агатангел е всушност најава за последниот удар на македонската држава и македонскиот народ од страна на марионетската власт во Скопје. По бришењето на сешто е македонско, сега на ред дојде и бришењето на Светата Македонска Црква која е еден од темелите на државноста и вековен чувар на идентитетот на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ дава безрезервна подршка на тешката борба на владиката Агатангел за одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ земајќи предвид дека Светиот синод на МПЦ е легло на странски шпиони врбувани своевремено од соседни разузнавачки служби за разнебитувањето на Црквата. Една од целите на новата легална власт на  Единствена Македонија е организирање на Црковно-народен собор за прочиствање на највисокиот црковен клир на МПЦ од криминалци, предавници и странски шпиони.

Единствена Македонија нема да стои на страна доколку власта тргне против владиката Агатангел во спречувањето на борбата за одбрана на највисоките национални и државни интереси. Трпението на македонскиот народ е при крај од антимакедонското поведение на марионетската власт во Скопје, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Единствена Македонија

На почеток