И утрово се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите. Денеска се отстранува се што е нелегално поставено во месноста Горица 3 или плажа „Немо“. Акцијата која започна пред три дена се спроведува со полициска асистенција нема селективност.
Потсетуваме дека акцијата има силна поддршка од амбасадорите во земјава. Амбасадор на една од највлијателните земји во светот кажал јасно на Владата во Скопје мора да се справи со узурпирањето на брегот на Охридското Езеро и дека функционирањето на институциите на државата на Охридското Езеро е прашање од врвен приоритет.
На ред е УЈП и пазрна инспекција да се види дали ќе порофункционираат.
Инаку Општина Охрид за целата акција само кусо информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.
„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид.