Вечерва се одржа масовен протест во Будимпешта организиран од унгарските професори и академци против политиките на владата на премиерот Виктор Орбан и рестриктивните мерки во образованието.
Élőben – A CEU-ért, a tudomány és az oktatás szabadságáért tüntetnek
Élőben – A CEU-ért, a tudomány és az oktatás szabadságáért tüntetnek
Posted by Index.hu on Saturday, November 24, 2018
Протестот за слобода на науката и образованието започна попладне од плоштадот Калвин и се префрли на плоштадот Кошут.
“Слободна земја, слободен универзитет!” извикуваат демонстрантите меѓу кои имао и странски студенти.
Демонстрантите побараа да престанат сите цензури за високо образование и истражување и да се обезбедат квалитетни, достапни, независни и соодветно финансирани можности за образование и истражување
“Знаете, многу добро знаеме што се случува во земјата, има многу луѓе кои имаат слобода и еднаквост, но тие не се сите тука, но ќе дојде еден ден кога не десетици илјади, туку милиони ќе бидат на протестите”, рече Тамаш Миклос Гаспар, еден од водачите на протестот.
Тој изрази поддршка и за работничките синдикати кои се под притисок од власта
Демонстрациите побараа да се укинат конзервативните ЦЕУ-мерки и да престане пропагандната кампања против универзитетски професори.