Радиоактивен отпад во Ново Село во во скопската општина Ѓорче Петров во објект на Макпетрол Темко. Во складиште има 16 тони гориво за ракети за растерување на облаци. Ова гориво одамна требало да биде отсрането. НАТО ги предупредил македонските надлежни органи ова гориво под итно да се отстрани.
Се уште никој не ја презема одговорноста да го уништи овој опасен материјал. Макпетрол Темко велат дека имаат договор само да го чува горивото, а не и да управува со истото.
“Макпетрол е сопственик на местото, додека отпадот е на Република Македонија. За сите прашања во врска со работи кои се чуваат тука, треба да се јавите на соодветните служби на Владата на Република Македонија “, соопштиле од таму за Алсат ТВ.
Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека уништувањето ќе биде направено со почитување на еколошките стандарди и во целосна транспарентност за јавноста.
Тоа е гориво кое повеќе не е потребно. Сите методи на уништување ќе бидат направени врз основа на еколошките стандарди и со јавен оглас “. – истакна министерот Макрадули.