Слајдер

Села им одговара на Заев и Мицковски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска влада

Коалицијата „Сега е време“ вечерва одржа централен митинг во Струга, под тешки временски услови.

Претседателите Села и Гаши денеска ја посетија Лабуништа и потоа од плоштадот Струга, од неговиот роден град, претседателот Села, одговарајќи на Заев и Мицковски за нивната идеја за размена на пратеници за да не бидат условени Албанците да формираат влада,  Села рече: Слушам дека Заев и Мицковски се подготвени да формираат македонска влада, еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе ја создадеме нашата албанска влада.

Јасно е, немам што да ти кажам, рече Села од Струга.

На почеток