Се собраа потребните средства кои беа потребни за погребот на чичко Цобе, бездомникот кој почина пред два месеци.
За неговиот погреб беше организирана хуманитарна акција со цел да се соберат дополнителни 4000 денари, а дел од опремата е донација од погребалното претпријатие Бутел.
Инаку Слободан Минциковски, познат како чичко Цобе, продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво декор“. Тој спиеше и се хранеше на истата локација, а на 02 Август во ноќните часови беше нападнат од четири лица. По два дена чичко Цобе подлегна на повредите.