Скопје

Вицепремиерот Хазби Лика, почнал да оди на работа

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика почнал да се појавува на своето работно место, а присуствувал и на последните неколку владини седници, велат од Владата.

Неодамна, премиерот Зоран Заев најави дека веројатно ќе има смени на министри, но не спомна конкретни имиња.

Тој алудираше дека одговорност ќе мораат да понесат сите оние што не ги исполнуваат задачите, но и што не доаѓаат на работните места, а земаат плата.

„Не размислуваме за реконструкција при вакви сериозни парламентарни процеси. Секако, ако некој министер не доаѓа на влада – логично е дека владата треба да седне да размисли тоа да се промени. Разговараме со коалициските партнери кои споделиле одговорност со нас во делот на другите ресори ако се случат такви потреби, па ако некаде немаме ефекти, знаеме како“, изјави неодамна премиерот Заев.

Јавноста го актуелизираше проблемот со вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, кој со месеци не доаѓаше на „Илинденска“ поради кавга со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток