Адвокатот на газда Нацев: Наместо вина, ќе докажеме херојство на обезбедувачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqhvdrq7o35d8dX5L9CX

Во судницата каде што се води судскиот процес за трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ од 16 март 2025 година, денеска својот воведен говор го изнесе одбраната на првообвинетиот Александар Нацев. Неговиот адвокат оцени дека обвинението против Нацев е конструирано и дека тој во ниту еден момент не настапувал како реален сопственик или лице што управувало со агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“.

— реклама —

Според одбраната, клучната теза на Обвинителството дека Нацев бил неформален сопственик кој заедно со управителот Јан Јанчевски ја раководел агенцијата, не е поткрепена со докази. Адвокатот истакна дека Нацев бил ангажиран како вработен, односно консултант, исклучиво поради својата стручност во областа на безбедноста, без какви било управувачки или сопственички овластувања.

Во судницата беше нагласено дека Обвинителството не може да докаже никаква поврзаност на Нацев со правното лице пред 2024 година, кога тој формално станал вработен. Тврдењето дека бил „реален сопственик“, според одбраната, претставува систем од претпоставки, а не факти засновани на докази.

— реклама —

Како еден од клучните аргументи, одбраната го посочи и фактот дека меѓу агенцијата „Рубикон“ и кабарето „Пулс“ не постоел писмен договор за физичко обезбедување, што, според адвокатот, е законски предуслов за утврдување на конкретна одговорност. Агенцијата, како што беше посочено, дејствувала како оператор на услуги, а не како субјект кој целосно ги презема безбедносните протоколи во објектот.

Одбраната дополнително наведе дека обезбедувачите ангажирани таа вечер немале обврска да го контролираат бројот на гости, да ја проверуваат функционалноста на влезовите и излезите, ниту да поднесуваат план за обезбедување до Министерството за внатрешни работи. Како што беше истакнато, на терен биле ангажирани тројца обезбедувачи, а законската обврска за изработка на план за обезбедување постои само кога се ангажирани повеќе од пет лица.

Во воведниот говор беше критикувано и таканареченото интегрирано обвинение, при што адвокатот оцени дека временската рамка намерно е стеснета за да се совпадне со периодот кога Нацев веќе бил вработен во „Рубикон“. Притоа беше посочено дека во низа слични трагедии во странство, меѓу кои случаи во Романија, Бразил и Соединетите Американски Држави, никогаш не биле гонети сопственици на агенции за обезбедување.

Наместо вина, одбраната најави дека преку сведочења ќе докаже дека вработените во „Рубикон“ во кобната ноќ постапувале храбро, преземајќи улога на пожарникари и медицински лица и ризикувајќи ги сопствените животи во обид да спасат што поголем број луѓе.

На крајот, адвокатот нагласи дека Александар Нацев со ниту едно свое дејствие или пропуст не го предизвикал пожарот и дека не може да биде товарен за непреземање дејствија кои ниту законски, ниту договорно бил обврзан да ги преземе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1brtd3u6jeee4W162Ck

Девет полицајци влегле и ја виделе пиротехниката во „Пулс“, но никој не спречил да биде активирана - излезот не бил заклучен

Македонија | пред 11 час

media-library6odcd3b3703idPduakV

Поднесени се три обвиненија против полицајците за „Пулс“: дозволиле активирање на пиротехниката, отворање на клубот, казнувале непостоечка фирма

Македонија | пред 12 часа

kocani

„Од петмина другари, само јас преживеав“, потресно сведоштво на судењето за „Пулс“

Македонија | пред 4 дена

puls-35-1

Сведок на пожарот во „Пулс“: паднав, ме газеа, па ја изгубив свеста - полицајците не ми пружија помош

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања