Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира информациите што се шират во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезбедна поради наводно присуство на бактеријата Escherichia coli.
Од АХВ информираат дека до овој момент немаат добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за незадоволителен резултат од лабораториско испитување на водата за пиење.
Од Агенцијата потсетуваат дека доколку се утврди несоодветен резултат од испитувањата, јавното претпријатие има законска обврска да ги извести надлежните институции, по што би можело да биде донесена соодветна мерка, вклучително и забрана за употреба на водата.
„Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба“, порача АХВ.