Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Aктивни осум пожари, гори и букова шума кај Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs
unsplash

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска до 13 часот регистрирал вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум сè уште се активни, додека четири се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни пожари има во повеќе делови од земјата. Најголем број жаришта се регистрирани на територијата на Прилеп, Новаци и Могила, каде што гори ниска вегетација на повеќе краци во близина на селата Чаниште, Крушевица, Лопатица, Орле и Мојно.

Пожари се активни и во атарите на селата Белушино и Јакреново во Крушево, каде што се зафатени ниска вегетација и деградирана дабова шума, како и на релацијата Моране – Вртекица – Рамни Габер во Студеничани, каде што гори мешана шума.

— реклама —

Во Македонски Брод пожарите се регистрирани на местото Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, со зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активен пожар има и кај Тајмиште, во месноста Дарда, во Кичево, каде што гори високостеблеста букова шума.

— реклама —

Пожари се регистрирани и кај селата Караслари во Велес, Никуштак во Липково, како и Кучкарево и Градиште во Куманово.

Во текот на денот се регистрирани и четири изгаснати пожари. Тие биле во селото Калугерци во Радовиш, кај стадионот во населбата Фазанерија во Гостивар, во месноста Ило Виларов во Неготино и во Ново Село во Струга.

— реклама —

ЦУК продолжува да ја следи состојбата на терен и да ги координира надлежните служби за справување со активните пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања