Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Алармот за 5000 помалку запишани ученици не смее да биде уште една тема за дневнополитички пресметки“, вели Макрадули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 часа -

Македонија
media-library5qfc2o46e849b0sJsl7

Поранешниот заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, оценува дека податокот за 5.000 помалку запишани ученици претставува сериозен аларм и порача дека е време да престане, како што вели, ПР-водењето на државата.

— реклама —

Според Макрадули, демографијата не смее да биде партиска тема или прашање што ќе се става „под тепих“, туку национален приоритет околу кој треба да постои согласност.

— реклама —

„Молкот не е неутралност, тој е соучесништво“, наведува Макрадули, додавајќи дека и власта и опозицијата имаат заедничка одговорност да изградат политики што ќе ги задржат луѓето во државата.

— реклама —

Тој смета дека разумот мора да ги замени прес-конференциите, соопштенијата и политичките навреди, предупредувајќи дека, доколку продолжи сегашниот пристап, државата ќе се соочи со уште поголем недостиг на луѓе што ќе работат и создаваат.

— реклама —

Макрадули ја повикува Владата да престане да демонстрира сила и да покаже разум, оценувајќи дека политиката се гради со работа, резултати и доверба кај граѓаните, а не со притисоци или насилство. Според него, нема оправдување за идните последици доколку денес се молчи за демографските проблеми.

media-libraryfcsoralnnp0pbivrnTW

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

makraduli

„Дека ни треба нова влада, немам дилема, и тоа час поскоро“ – Макрадули со критика до Владата

Коментари | пред 3 месеци

media-librarykfgf6e5cmk4c4RVgALy

Јани Макрадули од СДСМ му пиша на Дедо Мраз

Коментари | пред 7 месеци

makraduli

Наместо да плаќате за мигранти, намалете ја брзината на 26 км/ч, казнувајте и ќе имате вишок во буџетот, напиша Макрадули

Коментари | пред 7 месеци

makraduli

Макрадули: Не лидерски средби, СДСМ да повика на општа мобилизација во која ќе водат тие со срце, а не тие што им аплаудираат

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања