„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јани Макрадули од СДСМ му пиша на Дедо Мраз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Коментари
media-librarykfgf6e5cmk4c4RVgALy
Фото: AI -Skopje1

Со сатиричен тон и јасна иронија, поранешниот висок функционер на СДСМ, Јани Макрадули, објави „празнично писмо“ до Дедо Мраз, во кое преку хумор и алузии се осврнува на политичките случувања во Македонија, европските теми, економијата, загадувањето и улогата на ПР-от во јавниот живот.

— реклама —

„За разлика од другите, јас верувам во чуда, а и во тебе. Нереален, ама тука. И моите гласачи веруваат во нереални работи“, пишува Макрадули, додавајќи дека и самиот е „од север“, како Дедо Мраз, со иронична напомена дека на своите гласачи им ветил дека нема да го користи терминот „северна“.

Во писмото, тој потенцира дека не бара подароци, бидејќи, како што наведува, „си имаме буџет, дури и папаја во зима“, но затоа има неколку „молби“. Меѓу нив е и прашањето за европските субвенции: „Ако го знаеш колегата од Брисел, види дали може нешто со субвенциите да се направи. Ни ги замрзнаа, не дека е ладно, туку малку моите се опуштија“.

— реклама —

Макрадули со сарказам се осврнува и на проблемот со загадувањето и енергентите. „Чисто од љубопитност, види некаде мазут да не има? Да, тој што загадува. Моите се заиграа, па не испланираа на време, а што знае дете што се 50 тони – зема и увезува“, пишува тој.

Посебно место во писмото има и ветената милијарда евра за справување со загадувањето. „Кога леташ, види таа една милијарда евра што им ја ветив, да не е заглавена во некој снег. Не унгарската, друга е ова. Унгарската, зошто испрана, некако брзо ни клизна низ рацете“, наведува Макрадули.

Со уште поостра иронија, тој тврди дека земјата е „трета економија во Европа“, но дека за да стане прва, „има еден талог што треба да се исчисти“. „Не е од кафе талог, туку луѓе што размислуваат со своја глава. За нив популизмот е непристоен, а ПР-от без ефект. Тие ја сакаат земјата во ЕУ, и тој талог мора да се покрие“, пишува Макрадули.

Во завршницата, писмото добива уште поексплицитен сатиричен карактер. „Слободно прескокни со критичка мисла. Кампањиве одлично функционираат и без неа. Не ни носи разум, ќе ни ги расипе слоганите“, порачува тој, додавајќи: „Без прашања годинава, те молам. Си имаме готови одговори. Задржи ги фактите, со нив не се прави добар ПР“.

Писмото завршува со повик за „тишина“, која, според Макрадули, е предуслов за стабилна политика, како и со забелешка дека ако Дедо Мраз има нешто „од себе“ да остави, слободно може да го остави кај него, „зашто има некои што ја примаат пораката, ама не знам дали ја читаат“.

Со ова сатирично обраќање, Макрадули уште еднаш ја користи формата на иронија и алегорија за да упати критика кон политичката практика, комуникацијата со јавноста и односот кон суштинските општествени прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

makraduli

Наместо да плаќате за мигранти, намалете ја брзината на 26 км/ч, казнувајте и ќе имате вишок во буџетот, напиша Макрадули

Коментари | пред 2 седмици

makraduli

Макрадули: Не лидерски средби, СДСМ да повика на општа мобилизација во која ќе водат тие со срце, а не тие што им аплаудираат

Коментари | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања