Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

„Дека ни треба нова влада, немам дилема, и тоа час поскоро“ – Макрадули со критика до Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Коментари
makraduli

Јани Макрадули смета дека јавноста погрешно се фокусира на настани во странство наместо на домашните проблеми, нагласувајќи дека политичките промени не се „увезуваат“, туку се добиваат со доверба од граѓаните и кредибилна понуда. Тој бара нова влада „час поскоро“, оценувајќи дека актуелната „нити знае, нити вреди“, и повикува фокус на образованието, економијата и социјалната правда. Макрадули предлага СДСМ да иницира широк прогресивен фронт со ветинг во сопствените редови и бара надзорна расправа во Собранието за „милијардата“ како механизам за одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, оцени дека вниманието на македонската јавност е погрешно насочено кон случувањата во странство, наместо кон домашните проблеми, потенцирајќи дека политичките промени не се увезуваат.

„Да се секиравме вака за Македонија како за Унгарија, гарант подобро ќе ни беше“, порача Макрадули, додавајќи дека „револуцијата во една земја е уникатна, не се увезува и не се копира“.

— реклама —

Тој нагласи дека смената на власта не се постигнува со реакции на настани во други држави, туку преку доверба од граѓаните.

— реклама —

„До промена на власта не се доаѓа со постови за Унгарија, туку со гласање на кредибилна понуда“, вели Макрадули, додавајќи дека е потребен „широк прогресивен фронт“ со луѓе од доверба.

Во однос на актуелната власт, тој е дециден: „Дека ни треба нова влада, немам дилема. И тоа час поскоро. Затоа што оваа ниту знае, ниту вреди“.

— реклама —

Макрадули повика фокусот да се врати на реалните проблеми на граѓаните, укажувајќи на состојбите во образованието, економијата и социјалната сфера.

„Џабе Унгарија слави, кога во Македонија професорите молчат... Џабе комшиите полнат бензин кај нас, кога мерките ги празнат џебовите на нашите граѓани“, посочи тој.

Според него, решенијата мора да се бараат дома, преку конкретни политики и социјална правда, а не преку споредби со други држави.

Во делот на политичкото организирање, Макрадули смета дека иницијативата за обединување треба да дојде од СДСМ.

„Иницијативата за прогресивниот фронт мора да дојде од СДСМ... Спремна за ветинг во сопствените редови, како прв чекор“, вели тој, додавајќи дека ветингот треба да биде „доказ дека сме подготвени да бидеме поразлични“.

Тој повторно ја отвори и темата за надзор во Собранието, потенцирајќи дека тоа е механизам што може да донесе политичка одговорност.

„За милијардата сум предлагал надзорна расправа во Собрание. Надзорна веднаш“, рече Макрадули, потсетувајќи дека „и падот на Груевски почна од надзорните во Собрание“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykfgf6e5cmk4c4RVgALy

Јани Макрадули од СДСМ му пиша на Дедо Мраз

Коментари | пред 3 месеци

— реклама —
makraduli

Наместо да плаќате за мигранти, намалете ја брзината на 26 км/ч, казнувајте и ќе имате вишок во буџетот, напиша Макрадули

Коментари | пред 4 месеци

makraduli

Макрадули: Не лидерски средби, СДСМ да повика на општа мобилизација во која ќе водат тие со срце, а не тие што им аплаудираат

Коментари | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања