Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Албанија го претстави првиот „вештачки интелигентен кабинет“: AI министерката Диела „очекува“ 83 дигитални наследници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryk7mlt5af6q0raPq5oGq

Албанскиот премиер Еди Рама ја шокираше јавноста со објава дека нивната министерка за вештачка интелигенција, Диела, е „бремена“ и ќе „роди“ 83 дигитални потомци – виртуелни асистенти создадени за да им помагаат на пратениците од Социјалистичката партија.

Според Рама, секој од овие AI асистенти ќе биде задолжен за водење парламентарни записи, изработка на предлози за политики и анализа на податоци при донесување одлуки.

„Овие деца ќе ја познаваат својата мајка“, изјави Рама, објаснувајќи дека сите 83 системи ќе бидат поврзани со централната мрежа на Диела, овозможувајќи им да соработуваат и заеднички да учат.

Премиерот ја опиша иницијативата како револуционерен чекор кон создавање самoodржлив дигитален екосистем, кој ќе ја зголеми транспарентноста и ефикасноста на парламентот.

— реклама —

Името Диела, што на албански значи сонце, не припаѓа на вистинско лице, туку на напреден систем на вештачка интелигенција, создаден специјално за албанската влада. Таа стана првата виртуелна министерка во светот, именувана во мај 2025 година.

Главната задача на Диела е борба против корупцијата во државните тендери – преку алгоритми кои вршат надзор, евалуација и одлуки ослободени од човечка пристрасност. Таа ги анализира сите јавни набавки според критериуми на транспарентност, ефикасност и законитост.

Рама ја нарече оваа технологија „оружје против системската корупција“, додавајќи дека „со Диела, тендерите ќе бидат 100% дигитални и проверливи“.

— реклама —

Раминиот опис на „бремена министерка“ е, секако, симболичен: 83-те „потомци“ се AI единици, програмирани да опслужуваат пратеници, да бележат податоци, да следат говори и да генерираат извештаи во реално време.

Албанија на овој начин развива поврзан систем на интелигенции што може со тек на време да еволуира во целосно автоматизиран административен модел.

— реклама —

Веста предизвика мешани реакции.
Додека дел од експертите го пофалија потегот како визионерски чекор во борбата против корупцијата, други предупредија на етички ризици – прашувајќи се кој ќе биде одговорен ако „Диела“ или нејзините „потомци“ направат грешка во одлуките.

„Интелигенцијата може да биде алгоритамска, но одговорноста мора да остане човечка,“ коментираше еден европски експерт за дигитална етика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc4pt4ier8erhbWJ2zqZ

Албанските власти забранија влез за двајца државјани на Македонија

Македонија | пред 3 часа

media-libraryn8ieq4g47dlp1zlB6ew

(Видео) Скандал во Албанија: Пратеник украл воен договор со САД

Настани | пред 1 седмица

kanje-vest

Албанија ќе плати 4 милиони евра за концерт на Канје Вест, Рама под силен удар на јавноста

Балкан | пред 3 седмици

media-librarym20f45tvkrg01bdl7QF

Пратеник од Македонија тврди дека му бил забранет влез во Албанија, биле вратени со уште двајца функционери

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања