Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Алкохол, незгоди и возење без дозвола: Шест возачи завршија во полициска станица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0470efltiilk5YWiior
ФБ

Шест возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.

Меѓу приведените има тројца возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди.

— реклама —

Во Скопје биле приведени двајца возачи кај кои биле измерени по 1,85 промили алкохол во крвта. Едниот управувал мопед, а другиот патничко возило и притоа удрил во метална ограда, предизвикувајќи сообраќајна незгода.

— реклама —

Во Дебар, полицијата лишила од слобода возач кај кого биле измерени 2,75 промили алкохол во крвта. Тој претходно предизвикал сообраќајна незгода, а потоа физички нападнал полициски службеници при вршење службени дејствија.

Во Крушево бил приведен возач кој управувал возило без да поседува возачка дозвола, додека во Македонска Каменица бил затекнат возач кој управувал и покрај изречена забрана за возење.

— реклама —

Уште едно лице било лишено од слобода во Скопје откако било утврдено дека управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, нагласувајќи дека возењето под дејство на алкохол, без возачка дозвола или спротивно на законските ограничувања сериозно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntk5gaho89asfudYycD

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryd1gkjdhbrm0u7RnvdbW

Приведен 56-годишник во валандовско, полицијата му пронашла пушка и муниција без дозвола

Македонија | пред 1 час

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 3 часа

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања