Промени тема
Контакт

Алкохолизиран жител на Росоман нападнал 18-годишник и се заканувал на градоначалник преку социјални мрежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

Жител на Росоман е приведен откако во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир, физички нападнал младо лице и претходно објавувал содржини со заканувачки карактер кон градоначалникот на општината, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 31 мај околу 00:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А. (35) од Росоман, кој на улицата „Пролетерска“ се однесувал дрско и непристојно и не постапувал по наредбите на полицијата при извршување службени дејствија.

— реклама —

Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л. (18) од селото Паликура, при што употребил стаклен предмет.

По извршените проверки било утврдено дека И.А. бил под дејство на алкохол, а алкотестот покажал 1,03 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Од МВР информираат дека претходно, на 30 мај, со него бил извршен службен разговор по пријава дека во периодот од април годинава преку социјална мрежа објавувал содржини насочени кон градоначалникот на Општина Росоман, Ѓ.К. (37), со што кај него предизвикал чувство на страв и загрозеност.

За двата случаи бил известен јавен обвинител, а по нивното целосно документирање против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybp62lh7s79sd9CqKlVz

(Видео) СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryartq581of4ts47nok1X

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Македонија | пред 8 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

10 возачи уапсени низ државата, девет немале положено возачки испит

Македонија | пред 12 часа

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Изгубил контрола над мотоциклот и удрил во заштитна ограда, тешко повреден 38-годишен битолчанец

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања