Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Американска десничарска активистка со порака до Србите: „Гласајте за Вучиќ или подгответе се земјата да ви биде запалена“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Американската десничарска активистка Валентина Гомез, која на социјалните мрежи ја следат околу 700.000 луѓе, испрати порака до граѓаните на Србија пред изборите закажани за 25 октомври, отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

— реклама —

Во објава на Икс, Гомез ја спореди листата на студенти и блокадерите со екстремистичката организација Антифа во САД. Таа ги обвини за насилство, блокади и заплашување на граѓаните, а истовремено ги пофали политиките на Вучиќ.

— реклама —

„Србија ги одржува најважните избори на 25 октомври, а анархистичкото движење што се претставува како ’студентска листа‘ ја исполни земјата со насилство, блокади и тероризирање на сограѓаните. Ова е истото што Антифа го направи овде во Америка, но Александар Вучиќ се бори за интересите на Србија, со тоа што не воведе санкции против Русија, не ја признава лажната држава Косово и одржува одлични дипломатски односи со Европа, Русија и Соединетите Американски Држави“, истакна Гомез.

— реклама —

На крајот од обраќањето, американската активистка упати предупредување за можните последици доколку, како што ги нарече, анархистите дојдат на власт.

— реклама —

„Затоа, ова е мојата порака до народот на Србија: гласајте за Александар или бидете подготвени вашата земја да биде запалена од тие анархисти што се нарекуваат ’студентска листа‘. Бог да ве благослови“, порача Валентина Гомез.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 18 минути

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 15 часа

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 2 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања