Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Американскиот претседател најави можни нови жртви и остар одговор, па упати повик до иранската гарда: Положете оружје или ќе се соочите со сигурна смрт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryhav0ad7pkr688VBUIWv

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената операција против Иран ќе продолжи „со полн интензитет“ сè додека не бидат постигнати сите поставени цели.

— реклама —

„Борбените операции продолжуваат со полна сила и ќе продолжат сè додека не ги оствариме сите наши цели“, рече Трамп во видеообраќање објавено пред неколку минути.

Тој додаде дека е можно да има уште американски жртви. „За жал, веројатно ќе има уште. Така е тоа“, изјави претседателот.

— реклама —

Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави ќе се одмаздат за загинатите војници и ќе зададат „најстрог удар“ врз, како што рече, терористите кои водат војна против „речиси целата цивилизација“.

— реклама —

Во истото обраќање, тој упати директен повик до Револуционерна гарда на Иран и до иранската воена полиција да го положат оружјето.

„Повторно ги повикувам Револуционерната гарда и иранската воена полиција да го положат оружјето и да добијат целосен имунитет или да се соочат со сигурна смрт. Тоа ќе биде сигурна смрт и нема да биде убаво“, изјави Трамп.

Изјавите доаѓаат во момент на силна ескалација на конфликтот, додека меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања