Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Андоновски: Безбедноста на децата во дигиталниот простор е прашање што бара јасен, системски и одговорен пристап

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryorbj6jdodon2cnhFaIi

Министерот Стефан Андоновски порача дека безбедноста на децата во дигиталниот простор бара јасен, системски и одговорен пристап, нагласувајќи дека решението не може да се сведе само на забрани, туку мора да вклучува и едукација и координирани мерки.

— реклама —

„Ова не е тема што може да се реши со изолирани активности, туку бара системски пристап, јасни правила и одговорност од сите засегнати страни“, истакна Андоновски.

— реклама —

Тој посочи дека преку Центарот за побезбеден интернет – MKSafeNet се воспоставува структуриран систем за поддршка на децата, родителите, наставниците и училиштата. Во рамки на иницијативата се развиени повеќе алатки, како водичи за родителска контрола, материјали за е-безбедност во училиштата и практични упатства за користење безбедносни поставки.

Според министерот, едукацијата е клучна, но не и доволна сама по себе, па затоа треба да биде надополнета со јасни и применливи правила, особено во однос на користењето мобилни телефони за време на наставата.

— реклама —

Во обраќањето беше отворено и прашањето за евентуално воведување видео надзор во училиштата, при што Андоновски нагласи дека таквите мерки мора да бидат строго регулирани, ограничени на заеднички простории и целосно усогласени со стандардите за заштита на личните податоци.

— реклама —

Тој потенцира дека целта е создавање безбедна средина во која децата ќе можат да учат и да се развиваат, како во дигиталниот, така и во физичкиот простор, а дебатата да резултира со конкретни мерки за поголема заштита и сигурност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylit50td4vj2v2vMLAft

Андоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилност

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylrh4gqrcul18a7fxSfF

Владините веб-страници заштитени од критичните пропусти во PHP

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryve0vscogfdt69dEYCGe

Над 400.000 електронски барања на uslugi.gov.mk: Септември со рекордна употреба

Македонија | пред 1 месец

media-librarydpqkgq6lq98qddRQRl7

Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања