Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Андоновски го посети новиот Центар за услуги во општина Јегуновце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-17-at-08.50.54

Денеска, министерот за Дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, ја посетија новата канцеларија за административни услуги за која пред неколку месеци беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

"Денес во Општина Јегуновце го посетивме новиот Центар за услуги - наменет за жителите на Јегуновце и сите околни населени места. Со новиот Центар, околу 10.000 жители на Јегуновце и околината ќе имаат можност брзо и ефикасно да ги завршат своите административни потреби на едно место, без непотребни чекања и губење време. Овде ќе бидат достапни услуги од различни институции како Агенцијата за вработување, МВР, Фонд за здравство, Централен регистар, Управата за јавни приходи, и многу други.", истакна Андоновски.

— реклама —

Во контекст на чекорите кои оваа Влада ги презема во насока на подобри, поефикасни и подостапни услуги за сите граѓани посочи дека ова е еден од начините кој ќе им овозможи на грѓаните побрз пристап до административните услуги, без да одат од една до друга институција.

"Нашата цел не е само да отвораме нови објекти, туку истите да ги доближиме до граѓаните. Тоа ќе овозможи поедноставен и побрз пристап до сите административни услуги. Идејата е во иднина преку платформата за интероперабилност и дигитализацијата на регистрите, прифаќањето на електронските документи од институциите - граѓаните да можат да завршат се што им е потребно на едно место, без да трчаат од институција до институција."

— реклама —

Тој додаде дека во минатото се отварале и центри кои не го дале посакуваниот ефект, и тоа го покажува и ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија. Но, и дека со подобра организација и соодветно лоцирање на ваквите центри граѓаните ќе имаат корист од истите.

— реклама —

"Минатото покажа дека центри како овие не беа секогаш ефикасни. Но, со подобра организација, соодветно лоцирање на центрите и обуки за службениците, ќе им помогнеме на граѓаните и за услугите на шалтер, и за користење на електронскиот портал. Со отворањето на оваа канцеларија во Јегуновце, граѓаните добиваат побрз и поедноставен пристап до услуги, се намалуваат бирократските процедури и административните трошоци и времето поминато во патување во Тетово или Скопје. Ова е само почеток. Ветуваме дека ќе продолжиме да работиме неуморно за секој граѓанин, во секое село и секој град. Целта е јасна, администрација што навистина работи за граѓаните, со ефикасност, транспарентност и достапност.", заклучи министерот Андоновски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym247imtmvc7m921LaRM

Нови електронски сертификати за земјоделски производи и вино преку uslugi.gov.mk

Македонија | пред 5 дена

media-librarypgdd60p8lc4taisDtUF

Андоновски: Со шеснаесеттиот центар за е-услуги во Крушево ги доближуваме услугите до секој граѓанин

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu0ookld41g6p5PPHtSP

Андоновски: Вистинското лице на коалицијата СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар излезе на површина, зошто доцни реакцијата на општината?

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања