Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Андоновски: Градењето отпорност во сајбер просторот е прашање на соработка и координација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryeiv4cqqpk785dSRFFHp

Mинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во рамки на работната посета на Вилнус остварил билатерална средба со Томас Годлиаускас, на која било разговарано за зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста.

— реклама —

На средбата се дискутирало за размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални закани.

Андоновски истакнал дека сајбер-безбедноста е еден од клучните предуслови за успешна дигитална трансформација и заштита на институциите и граѓаните.

— реклама —

„Градењето отпорност во сајбер-просторот е прашање на соработка и координација. Денешните дигитални закани не познаваат граници, затоа одговорот мора да биде заеднички, организиран и заснован на доверба меѓу институциите и партнерите“, порача министерот.

— реклама —

Тој нагласил дека за Македонија е особено важно да учи од искуствата на Литванија, која успешно ги поврзува одбранбените, цивилните и технолошките капацитети во единствен систем за заштита.

Во рамки на посетата била одржана и презентација од Национален центар за сајбер-безбедност на Литванија, посветена на литванскиот модел за координација, превенција и одговор на сајбер-инциденти.

Од двете страни било оценето дека соработката меѓу Македонија и Литванија е значајна не само во рамки на НАТО, туку и како партнерство засновано на доверба и заеднички вредности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylrh4gqrcul18a7fxSfF

Владините веб-страници заштитени од критичните пропусти во PHP

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryve0vscogfdt69dEYCGe

Над 400.000 електронски барања на uslugi.gov.mk: Септември со рекордна употреба

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydpqkgq6lq98qddRQRl7

Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

Македонија | пред 3 седмици

media-library6puvnl3c0ch53NphE5Q

Нов Центар за услуги во Кочани: Граѓаните ќе добиваат електронски услуги на едно место

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања