Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library0cqc72l4i2qo6bDp0Cd

На денешната панел-дискусија во Прилеп, дел од кампањата „Магијата е во знаењето“, од различни перспективи се зборуваше за суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител.

— реклама —

Наставник што верува во секое дете, што станува глас на охрабрување, водич низ секојдневието и сојузник во учењето, токму такви примери беа во фокусот на денешната панел - дискусија што се одржа во Прилеп, во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја спроведува Министерството за образование и наука.

Панел-дискусијата со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“ собра наставници, стручни лица, родители и претставници на академската заедница, кои од различни перспективи зборуваа за суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител.

— реклама —

Во своето обраќање, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ја нагласи исклучителната улога на наставниците не само како пренесувачи на знаење, туку и како личности што со својата посветеност, емпатија и личен пример оставаат неизбришлива трага во животите на младите.

„Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот. Кога едно дете ќе почувствува дека некој со внимание го гледа, го слуша и верува во неговиот потенцијал, тогаш се случува вистинска промена. Нашата мисија е да го зајакнеме системот кој ги препознава и цени наставниците, а преку оваа кампања, сакаме не само да ја потврдиме нивната важност, туку и да го вратиме достоинството на професијата што ја гради иднината“, истакна Јаневска.

Министерката потенцираше дека со потпишувањето на спогодбата со СОНК, Владата обезбеди гаранција за континуиран годишен раст на платите на наставниците, кој ќе биде реален и ќе зависи од степенот на инфлација. Додаде и дека овозможен е кариерен развој на наставниците и стручните соработници преку повиците за напредување во звања ментор и советник не само во основните, туку за прв пат годинава и во средните училишта.

Проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, рече дека добриот наставник е оној кој пред сѐ умее да слуша, да разбере и да создаде врска со секое дете, а дури потоа да предава.

Наставниците и стручните лица од основните и средните училишта во Прилеп говореа за секојдневните предизвици во работата, но и за моментите кои им се показател дека нивниот труд прави разлика. Родителите истакнаа дека вистинскиот наставник е оној што детето го гледа како сојузник, а училиштето како средина што го поддржува и инспирира детето.

Денешната панел-дискусија е дел од националната кампања „Магијата е во знаењето“, во чии рамки се реализираат низа активности, од јавни настани и тематски собири, до едукативни видеа, интерактивни работилници и вклучување на широк круг чинители од образовниот и општествениот живот.

Преку овие активности, се настојува да се создаде поширока општествена поддршка и разбирање за значењето на наставничката улога. Фокусот е ставен на тоа наставниците да добијат поголема видливост, почит и поддршка, како луѓе кои секојдневно вложуваат знаење, труд и посветеност во воспитувањето и образованието на новите генерации и кои претставуваат двигатели на напредокот на секое општество.

(ПР)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7ibb6uog342kcAgazPS

Јаневска: Финансирањето на научни проекти веќе нема да биде проблем, важно е научниците и професорите да сакаат да творат

Македонија | пред 4 дена

279065916_559153508901051_5164875049892922028_n

Платата во образование доцни, реагира лидерот на СОНК

Македонија | пред 1 седмица

media-library5487dfr48am82vA0KCS

„Ако Македонија сака квалитет, ќе мора знаењето да е критериум, а не партиската книшка“, алармира иселена професорка критикувајќи го новиот закон

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryrqbi8f4341gj3gNJdlI

Факултетот за физичко образование ќе добие нов објект во Скопје

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања