Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ангелов бара пилоти за „ер трактори“ пред сезоната на пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
stojance-angelov-1

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, започна активности за засилување на капацитетите со пилоти на „ер трактори“ пред претстојната сезона на пожари.

— реклама —

Тој го посети спортскиот аеродром кај Штип, каде се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот и инструктор, со кого разговараше за можностите за организирање основна обука за пилоти на овие специјализирани авиони за гаснење пожари.

— реклама —

Во рамки на посетата, Ангелов оствари средба и со тројца потенцијални кандидати, кои имаат над 300 часови налет во спортско летање. Со еден од нив реализираше и извидувачки лет над штипскиот регион, како дел од проценката на нивните способности.

— реклама —

Во моментов, Дирекцијата располага со пет пилоти на „ер трактор“. Еден авион е веќе сервисиран и оперативен на аеродром, додека уште два се на сервис и се очекува да бидат подготвени најдоцна до мај.

Со овие подготовки, надлежните институции очекуваат поорганизирано и поефикасно справување со пожарите на отворено во текот на летната сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Македонија | пред 1 седмица

Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања