Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Анкетната комисија за случајот во Кочани привремено стопирана – Собранието бара доработка на иницијативата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
afrim-gashi

На денешниот редовен состанок со координаторите на пратеничките групи, претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека иницијативата за формирање анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани, поднесена од СДСМ и Левица, е вратена на дополнителна доработка.

Според Гаши, предлогот не е усогласен со собранискиот Деловник, затоа што опозициските пратенички групи побарале мнозинство во Комисијата и истовремено да го имаат и претседателското место. Тој потсети дека членот 124 од Деловникот не дозволува состав во кој една страна доминира во двата елементи – мнозинство и раководење со Комисијата.

Првичната структура предложена од СДСМ и Левица предвидувала: четири членови од СДСМ, четири од ДУИ, тројца од ВМРО–ДПМНЕ, двајца од Вреди и еден од ЗНАМ, со претседател од опозициските редови.

— реклама —

Гаши исто така информираше дека во Собранието сè уште не пристигнал предлог за промени во составот на Владата. Тој нагласи дека веднаш по доставувањето, седницата за кадровските измени може да биде свикана без одложување.

— реклама —

Во однос на Изборниот законик, Собранието очекува од Министерството за правда официјално да го извести дали се подготвува нов текст. Дури по тоа ќе се одлучи дали да се формира пратеничка работна група која би работела на измени на изборните правила.

Гаши најави дека пакетот реформски закони поврзани со правосудството ќе биде ставен на дневен ред веднаш штом стигнат во законодавниот дом. Посебно ја издвојува измената на Кривичниот законик што произлегува од неодамнешната одлука на Уставниот суд за застарување на делата „злоупотреба на службена положба“. Според него, измените би можеле да бидат усвоени до 26 декември.

— реклама —

Кога станува збор за изборот на Народен правобранител, Гаши истакна дека процесот зависи од договорот меѓу политичките партии застапени во Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr3cs3mf6i9mu4GVhQxR

(Видео) Татко на жртва од „Пулс“: Се радуваме на смртта, не на животот, што ќе ни е живот без нашите деца

Македонија | пред 4 дена

media-library5ep6umtq6r4239PXoZj

Во сабота ќе се одржи 47. „Марш на ангелите“ во Кочани

Македонија | пред 6 дена

media-libraryp20sb7pbvsnr5GZXVqQ

Kочанчанец избега од полициска станица преку прозорец, откако бил приведен со бела прашкаста материја

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Нови осомничени во случајот „Пулс“: Инспектори со години не вршеле контроли

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања