„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Апасиев: Немаме проблем да ја укинеме Пржинската влада, нас ни е сеедно кои се на власт, ние секако го ,,јадеме стапот”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
apasiev-sobranie

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, пред почетокот на лидерската средба изјави дека очекува конструктивен дијалог.

— реклама —

„Левицата е првпат поканета да учествува на лидерска средба. Ова ги задоволува нашите претходни барања, дека ние ќе учествуваме на лидерска средба само ако е во рамки на институциите, а не во хотели во Маврово, во европски или американски амбасади. Нашите барања веќе ги кажавме - промена на Изборниот законик неминовно за следните избори зашто Левица е единствената досега цензурирана партија во овие 35 години плурализам. Бидејќи првпат доаѓаме, не очекуваме ништо, знаејќи го досегашниот лицемерен однос на властодршците од ДПМНЕ, но секогаш има прва шанса, па така ние како веќе опозициска профилирана партија која единствена е во раст во минатите локални избори, очекуваме дека ќе има конструктивен дијалог и дека наредните месеци ќе се променат законите што ние ги бараме”, изјави пред почетокот на средбата Апасиев.

За Левица нема проблем да се укине Пржинската влада.

„Сметаме дека тоа е бирократски остаток од едно време кога Македонија беше третирана како протекторат и оттука ни е сеедно дали се ДПМНЕ или СДСМ на власт. Ние секако го јадеме стапот па не ни е неприфатливо да ја укинеме Пржинската влада и по тоа прашање немаме никакви дилеми, но за другите прашања ќе инсистираме комплетно да се прифатат нашите барања особено при шпекулациите дека ќе се распишуваат предвремени избори. Доколку се распишат со овој Изборен законик ние повторно ќе бидеме цензурирани и оттука е нашиот интерес да присуствуваме на оваа средба”, рече Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc04a59qnuu2adj61Zf9

Ние сме спремни да настапиме на избори, кога и да се случат, а ќе има предвремени, вели Филипче

Македонија | пред 1 час

media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

(Видео) Заклучоци од лидерската средба: „Техничката влада треба да замине во минатото, но укинувањето нема да важи за следните избори“

Македонија | пред 2 часа

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Петорка на заедничка маса без Филипче и Зајкова, Минчев, наместо Димитриевски и Касами без Меџити

Македонија | пред 5 часа

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Лидерска средба: На маса со премиерот Христијан Мицкоски седнаа лидерите на ДУИ и Левица, Филипче не дојде

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања