„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Заклучоци од лидерската средба: „Техничката влада треба да замине во минатото, но укинувањето нема да важи за следните избори“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5
ФБ

Лидерската средба што се одржа денеска отвори простор за приближување на ставовите по повеќе клучни политички прашања, оцени премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека фокусот бил ставен на решенија, а не на меѓупартиски конфликти.

— реклама —

Според него, за значаен дел од темите постоело усогласување меѓу присутните, а таму каде што имало разлики, биле понудени конкретни идеи како дебатата да продолжи на институционално ниво. Како следен чекор, договорено е дел од отворените прашања да се разгледуваат во Собранието, преку координаторите на пратеничките групи.

На средбата, како што информираше, била искажана заедничка подготвеност техничката влада да се напушти како модел. Сепак, поради отсуството на СДСМ, предложено било укинувањето да не се применува на претстојните избори, туку да важи за некои од наредните изборни циклуси, со што би се избегнале наметнати решенија.

— реклама —

Денеска видовте дека една коалиција отсуствуваше. Мојот предлог беше да не го правиме укинувањето на техничката влада насила без нивна согласност, туку да донесеме измени со кои нема да се опфатат следните избори, туку некои следни кои ќе следат потоа. Некои измени треба да се направат затоа што сега има поделби на ресори како што се, на пример, во Министерството за администрација и Министерството за труд и за економија. Треба да се допрецизира каде овие заминик министри ќе бидат номинирани. Сме подготвени ако веќе нема согласност кај сите да се избрише техничката влада, барем тоа да се направи за изборите потоа – рече Мицкоски.

Премиерот ја оцени средбата како позитивен сигнал за политичка зрелост, нагласувајќи дека ваквиот пристап – со отворена дебата и фокус на решенија – треба да стане практика и во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc04a59qnuu2adj61Zf9

Ние сме спремни да настапиме на избори, кога и да се случат, а ќе има предвремени, вели Филипче

Македонија | пред 1 час

apasiev-sobranie

Апасиев: Немаме проблем да ја укинеме Пржинската влада, нас ни е сеедно кои се на власт, ние секако го ,,јадеме стапот”

Македонија | пред 4 часа

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Петорка на заедничка маса без Филипче и Зајкова, Минчев, наместо Димитриевски и Касами без Меџити

Македонија | пред 5 часа

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Лидерска средба: На маса со премиерот Христијан Мицкоски седнаа лидерите на ДУИ и Левица, Филипче не дојде

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања