Во Клубот на пратениците започна лидерската средба што ја бараше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ Никола Мицевски.
Во клубот на заедничка маса седнаа: наместо лидерот на ЗНАМ тука е генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ, но го нема градоначалникот на Чаир и претседател на Демократското движење, Изет Меџити.Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.
Своето остуство јасно го најави лидерот на СДСМ Венко Филипе, со став дека тие што ќе дојдат на средбата ја легитимираат корупцијата, но по нејасните ставови отсустува и лидерката на ЛДП, партија која немаше негативен став кон иницијативата на Мицкоски. Но изгледа чашата се прели по вчерашната кавга на Зајкова со ВМРО-ДПМНЕ за измените на Кривичниот законик.
На средбата не дојде претставник на двете крила на Алијансата за Албанците, иако не се знае дали добиле покана.
Али Ахмети дојде на лидерската со свои барања:Бадентер за избор на Влада и во Уставен суд, уставните измени Македонија да излезе од ќор-сокакот кон ЕУ, Апасиев пак бара Македонија да биде една изборна единица и еднаков третман при медиумското претставување.