Лидерска средба: На маса со премиерот Христијан Мицкоски седнаа лидерите на ДУИ и Левица, Филипче не дојде

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Во тек е лидерската средба во Клубот на пратениците, но без учество на опозициската СДСМ. На маса со премиерот Христијан Мицкоски седнаа претставници на владејачкиот блок, како и лидерите на ДУИ и Левица.

— реклама —

Од партијата на Венко Филипче уште претходно ставија до знаење дека нема да присуствуваат на состанок чија главна тема е укинувањето на техничката влада. Филипче јавно порача дека не гледа легитимна основа за вакви разговори и дека иницијативата ја оценува како политички притисок во пресрет на можни избори.

— реклама —

Дополнително, од СДСМ денеска повторија дека техничката влада е неопходен механизам за контрола на извршната власт, особено во чувствителни периоди. Според нив, укинувањето би значело исклучување на опозицијата од институционален увид и надзор.

— реклама —

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, инсистира дека моделот на техничка влада е застарен и воведен во време на длабока политичка криза, која, според нив, одамна е надмината. Од партијата порачуваат дека државата има потреба од стабилен систем, а не од привремени решенија.

На средбата, која сè уште е во тек, се отвораат и други прашања – од реформите во правосудството и изборната регулатива, до изборот на народен правобранител и идниот институционален распоред.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc04a59qnuu2adj61Zf9

Ние сме спремни да настапиме на избори, кога и да се случат, а ќе има предвремени, вели Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

(Видео) Заклучоци од лидерската средба: „Техничката влада треба да замине во минатото, но укинувањето нема да важи за следните избори“

Македонија | пред 2 седмици

apasiev-sobranie

Апасиев: Немаме проблем да ја укинеме Пржинската влада, нас ни е сеедно кои се на власт, ние секако го ,,јадеме стапот”

Македонија | пред 2 седмици

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Петорка на заедничка маса без Филипче и Зајкова, Минчев, наместо Димитриевски и Касами без Меџити

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања