Свет

Четворица српски градоначалници на Косово, поднесоја оставки

Градоначалниците на четирите српски општини на Косово поднесоа оставки поради , како што наведуваат ,, кршење на човечките и економските права на Србите.” Косовските градоначалници најавија прекин на секаква комуникација со властите во Приштина.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај пак не сакал да го коментира овој потег. Тој најавил дека утре ќе ги коментира оставките на градоначалниците во северно Косово, затоа што, како што рекол денеска е „зафатен со други задачи“.

Во Косовска Митровица во тек е протест на Србите поради, како што велат, срамните потези на Приштина и апсењата на Србите во градот.
На протестот присуствуват голем број граѓани на северниот дел на Митровица, на кои прв им се обрати сега веќе поранешниот градоначалник на Косовска Митровица Горан Ракиќ, или еден од четворицата кои денеска поднесоја оставка.

На почеток