Магазин

Фановите во шок од искреноста на Кардашијан дека зема екстази

Старлетата Ким Кардашијан (38) во неделното издание на реланото шоу Keeping Up With The Kardashians призна дека во 20 – тите години од животот експериманетирала со дроги. Ким во емисијата призна дека била на екстази кога се омажила за музичкиот продуцент Дамон Томас и додека била во врска со поранешниот љубовник , музичарот Реј Џи.

Искрените зборови на Ким Кардашијан за кратко време го обиколија светот, а фановите останаа збунети. „Снимав секси видео под влијание на екстази“, рекла Кардашијан.

38-годишната „риалити“ ѕвезда и сопруга на Кајне Вест признала дека била под дејство на екстази и за нејзината првата свадба.

„Првпат кога земав екстази се омажив, на снимката се гледа, ми се тресе вилицата“, вели Кардашијан.

Американските медиуми пренесуваат дека оваа епизода предизвикала лавина критики зашто Ким, од која девојчињата се инспирираат, најопуштено зборувала за конзумирање на нелегални стимуланси и дури признала дека до некаде тие допринеле за нејзината популарност.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток