Скопје

Сопругата на Јанакиески: Груевски да одговара за бегството, а не во притвор да лежат недолжни луѓе!

Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Сања, на својот профил на Фејсбук застана во одбрана на нејзиниот сопруг.

Таа смета дека власта треба да го доведе Груевски да лежи во затвор, а не на негово место да страдаат невини луѓе.

„1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?
2.Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?
3.Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?
4.Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?
5. Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, пишува на Фејсбук, Сања Јанакиески.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток