Македонија

Центарот за јавно здравје педупредува: Водата во Струга не е за пиење!

Поради обилните врнези од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до наршување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28.11.2018 г., констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.

Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.

Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.

Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлезните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ќе информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток