Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Вака низ солзи по телефон ни рече хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, која со години има проблем со соседот, кој со семејството исто така се појавува во документарецот.
Неколку пати до сега низ разговор Атиџе раскажала дека има проблеми со него, но поради неговите деца не сакала конкретно ништо да превземе. Но, овој пат, како што вели за mms.mk, веќе не може да издржи бидејки се плаши за сопствениот живот и мора да ја каже маката сега, додека не е предоцна.
- Мене тој човек животот ми го упропасти, неговото куче ме искасапи. Ме уништи, пчелите тој ми ги украде, и сега секој ден провоцира со нешто ново. Сега дојде до момент да ми ги руши ѕидовите. Ако не ми помогне полицијата бидејки ме сметаат за Турчинка да се обратам ли во турска амбасада. Што да направам? Навистина ми е многу тешко.
Текстот во целост на: mms.mk,