Актуелно

Милевски: Бесплатен превоз за учениците од Новаци, инвестиција за достапно образование за сите деца

Преку проектотот “Унапредување на квалитетот на социјални услуги на регионално нив”  обезбеден е минибус со 30 и комбе со 10 седишта за превоз на ученици во Новаци. Носител на проектот е Центар за развој на Пелагониски плански регион, поддржан од Министерство за локална самоуправа, додека вредноста на набавките е околу 6 милиони 500 илјади денари.

„Учениците на општина Новаци конечно ќе имаат превоз и ќе имаат можност бесплатно да се возат во новите минибус и комбе. Драго ми е дека со тоа ќе има подобрување на пристапот до образовните институции за учениците од основните и средните училишта во Пелагониските општини поточно Новаци, Битола и Могила. Преку проектот ќе се намалат трошоците за извршување на овие надлежности со што ќе се подобри функционалноста на процесот од кој бенефит ќе имаат и општините. Во иднина сакам да општините поднесуваат конкурентни проекти со кои ќе бидат дел од Програмата за рамномерен регионален развој и ќе придонесат за поквалитетен живот на граѓаните“ рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

„Со овие возила ние ќе ги пренесуваме учениците до централното основно училиште во Новаци кои доаѓаат од петто до деветто одделение и следат настава во Новаци. Ова ќе се исплати и финансиски и ќе немаат проблем со превозот затоа што често се случуваше по неколку часа да чекаат превоз учениците заради зафатеност на приватните превозници или дефект но и од други причини. Минибусот кој го набавивме ќе вози на релација Новаци – Добромири – Агларци – Далбеговци, едното комбе ќе вози на релација Рапеш – Арматуш – Новаци, другото комбе Живојно – Бач – Гермијан.“ вели градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.

„Денес сме тука во Новаци каде што како што кажа и министерот и градоначалникот веќе се имплементира проект за зајакнување на социјалните услуги на оваа општина со тоа што ќе се реши еден голем горчлив проблем околу превозот на овие ученици што гравитираат во Општина Новаци, како што спомна градоначалникот ќе се работи на решавање на еден покрупен регионален проблем од оваа област.
Минибусот е веќе пристигнат кој што е со 30 седишта, а за најкратко време се очекува да пристигне и комбето кое е со сума од околу 1.600.000 денари за што е потпишано договор за испорака.“ додаде Гого Видимче, директор за Центар за развој на Пелагониски плански регион.

На почеток