Македонија

Средношколците од Тетово на протест поради аерозагадувањето

Со извикување на паролата „Чист воздух“ и транспаренти со натписи „Стоп на аерозагадувањето“… дел од тетовските средношколци денеска преку мирен протест го изразија своето незадоволство од како што  велат непреземањето никакви мерки од локалната власт за подобрување на состојбите со загадувањето на воздухот.

Тие и дадоа на градоначалничката Теута Арифи рок од седум дена да донесе мерки и препораки против аерозагадувањето. На денешниот мирен протест пред општината искажаа револт за несериозноста и незаинтересираноста на надлежните, за решавање на еден од најважните проблеми.

Иако најавено, на денешниот протест, не се собраа сите средношколци од градот. Учениците тврдат дека имаат големи притисоци да се откажат од бојкот на наставата, но велат ќе одат до крај. Жалат што немаат поддршка од нивните професори.

Градоначалничката Теута Арифи, додека траеше протестот не беше во општината. Остана недостапна и за медиумите, и за да ги слушне барањата на учениците.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток