„Сакам да ги известам граѓаните и јавноста дека денес донесов Решение за огласување на ништовност, односно поништување на одобрение за градба на инвеститорот АНГО ДООЕЛ Скопје за катна гаража на улицата 11-ти Октомври веднаш до Собранието на РМ и спасивме една мала зелена оаза во Центар“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
„Борбата за воведување на ред во урбаниот хаос ќе ја продолжам со Ваша поддршка, поддршка од граѓаните за хуман, организиран и урбанистички испланиран Центар“, напиша Богдановиќ.