Со недостигот од густ сообраќај, на улиците се слуша црцорењето на птиците, џагорот на луѓето, а децата слободно се шетаат по улиците бидејќи не постои можност да ги удри некое возило.
Мигел Анчо Фернандез Лорес е градоначалник на овој галициски град од 1999 година. Неговата филозофија е едноставна: фактот дека поседувате автомобил не ви дава право да го заземате јавниот простор.
“Се случува пензионерите или децата да не можат да пешачат на тротоарите од паркираните автомобили. Како е можно еден приватен посед да зазема јавен посед?”, вели Лорес.
Пред тој да стане градоначалник, секојдевно поминувале над 14 илјади автомобили низ ова гратче. Според неговите зборови, имало повеќе автомобили отколку жители, а поради неговата политика, Мигел бил дури четири пати избран за градоначалник.
Загадувањето на воздухот драстично се намалило – 61 отсто од 2013 година, а немало смртни случаи како резултат на сообраќајни несреќи од 2009 година.
Откако е воведена забраната во 1999 година, 12 илјади жители се преселиле во центарот, а од друга страна, сообраќајот на периферијата е зголемен.
This Spanish city banned cars – and residents say it’s paradise
No traffic deaths since 2009. Read more: https://wef.ch/2FF8xFD
Posted by World Economic Forum on Friday, September 21, 2018