Магазин

Фановите во шок – Ѓорѓе Балашевиќ обвинет за кражба?!

Популарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ е обвинет за кражба на авторски права и отстранет од Јутјуб!
Всушност, отстранет е спотот за неговата песна „Човек с месецом у очима“ од 1993 година, по пријава на извесен Емил Скендеровиќ, кој тврди дека тој ги поседува авторските права.

Додека Балашевиќ молчи , се огласи неговата ќерката Јелена Балашевиќ-Беба…

„Доколку посакавте да ја слушнете песната ‘Човек с месецом у очима’ на каналот Јутјуб, за жал, нема да можете… Бидејќи Јутјуб ја отстрани привремено поради извесен Емил Скендеровиќ, кој смета дека има право на неа. Се сеќавам кога тато ја напиша оваа песна. Се сеќавам и каде, но никако не се сеќавам на каков било Емил Скендеровиќ во близина. Речиси сум сигурна дека тој лик нема апсолутно никаква врска со таа песна. Ниту со која било друга, кога сме веќе кај тоа“, напиша Беба на социјалните мрежи.

„Мрзливоста е игралиште на ѓаволот. Верувам дека Емил посакува ова да беше негова песна, која Ѓоле му ја ‘дрпнал’, па затоа го нарави ова… Бидејќи во спротивно ќе мора да помислам дека станува збор за лош човек кој сака на другите да им го оневозможи слушањето на саканата музика… Емиле, кој и да си… Немој. Грдо е“, заклучи Беба.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток