Охридската група Камелеон најавуваат голем концерт, во пресрет на празниците. Концертот ќе биде во чест на 20 годишнината од нивната успешна кариера.
„Има многу бендови, но ретки се оние кои нивниот роден град, каде е и најтешко да се успее, ги примил како свои. Кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели. Годиниве наназад тие покажаа и докажаа дека може да се успее и со сопствена музика, може и со макотрпна работа, со откажување од многу, но не и од основните принципи на квалитетна музика, ноти и текстови, откинати длабоко од срцето, создадени од по некоја солза, од по некоја насмевка на убава девојка, од поддршката на пријателот, од убавините на Охрид, кој толку силно ги гушнал и ги примил во своите прегратки“, порачуваат организаторите.
