Свет

Катар во јануари го напушта здружението на извозници на нафта – ќе се фокусирале на гас

Властите во Катар објавија дека оваа арапска земја во јануари ќе се повлече од Организацијата на земји извозници на нафта – ОПЕК.
Оваа неочекувана вест беше објавена од страна на министерот за енергика на Катар, Мохамед бин Салех ел Сада, на денешната конференција во престолнината Доха.

„Одлуката за повлекување ја рефлектира желбата на Катар да се фокусира на своите планови за развој и зголемување на производството на природен гас од 77 милиони тони годишно на 110 милиони тони во наредните години“, рече министерот на прес-конференцијата.
Катар цели 57 години беше дел од ОПЕК. Тие со 2,6 милиони жители се најголемиот извозник на течен природен гас во светот, објави агенцијата „Танјуг“.

На почеток