Вчера вечер главниот град, а дури и на државно ниво Македонија, беа меѓу најзагадените во Европа.
Истата состојба е и вечерва. Имено според мерните единици концентрација на ПМ10 честички на воздухот измерена денеска во 17 часот, во Кавадарци има неверојатни 359mg/m3 од дозволени 50mg/m3. Во Битола 284 mg/m3, во Струмица 256 mg/m3, во Куманово 255 mg/m3, Кичево 182 mg/m3.
Оваа висока концентрација на ПМ10 честички на воздухот ги полни секојдневно клиниките низ целата држава со луѓе и деца кои имаат респираторни проблеми. Истовремено уште од август почнаа да се затвораат и исклучуваат мерните станици во најзагадените општини. За исклучените мерни единици во Лисиче, Гази Баба и Велес, локалната и централната власт си ја префрлаат топка еден на друг.