Скопје

Детската клиника над милион денари ќе плати за мобилни телефони, во август немаше средства за хигиена

Детската клиника во склоп на Клинички центар распиша тендер за набавка на минимум 125 мобилни линии, 3 фиксни линии и еден говорен канал со два приклучоци за интернет. За оваа намена од детската клиника ќе се одлеат 1.800.000 денари. Според спецификацијата една од претплатите на која ќе бидат приклучени две телефонски линии треба да биде од 1.360 денари а да следува 15 гига бесплатен интернет, неограничени СДС пораки, 50 минути за роаминг повици, 150 беплатни минути за роаминг.

Девет претплатнички линии ќе имаат претплата од 830 денари, а за други 32 претплатници ќе се плаќапо 625 денари. Останатите тарифни модели се со месечна претплата од под 400 денари.

“Цена на месечна претплата за симетричен интернет приклучок не смее да биде повисока од 4.700 денари без вклучен ДДВ. Во рамките на месечната претплата да се вклучени: – 1400GB интернет сообраќај,Брзината на пренос на податоци да биде загарантирана со капацитет до 90 Mbps/90 Mbps (download/upload). Понудувачот треба да има корисничка поддршка од 24/7 на бесплатен телефонски број. По надминување на бесплатниот интернет сообраќај вклучен во месечната претплата  цената за дополнителн GB  да не биде повисока од 4,9 денари без ДДВ, додека брзината да падне до 2/2Mbps“, пишува во спецификацијата.

Во август годинава, Детската клиника беше без антибактериски сапун, без медицински ракавици и други основни средства за хигиена. Тогаш, родители чии деца се сместени на клиниката тврдеа дека вработените буквално импровизираат со цел да обезбедат нормални услови за болните деца. Освен овие секојдневни проблеми низ кои минуваат вработените и пациентите на Детската клиника, пред извесно време инцидент со опремата на клиниката сериозно го нарушил нејзиното функционирање и ги вознемирил сите кои биле сведоци на случката.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток