Вкупно 43.000 хронично болни ќе добијат маски за заштита поради енормно високото аерозагадувањето. Покрај болните министерот смета дека маски треба да добијат и децата, затоа што и тие спаѓаат во ризична група. Филипче најави дека ќе настојуваат што побргу да се најде решение и да им се поделат маските на хронично болните и на децата.
„Извлековме податоци дека имаме 43.000 хронично болни, а бројката на деца за кои се потребни маски се уште се утврдува. Сега бараме начин како да им ги поделиме маските. Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита“, вели министерот за здравство Филипче.
Инаку синоќа Македонија беше четврта најзагадена земја во светот, а аеродагадувањето беше и 11 пати над дозволеното.