Бискупот на Варшава-Прага, една од двете бискупии на полскиот главен град, Ромуалд Камински, се извини поради сексуалното вознемирување деца во полската католичка црква.
„Ќе ги заштитиме децата и младите во секој момент и секаде“, рекол тој. „За мене тоа е приоритет. Сакам да се извинам и ќе направам сè за жртвите да можат сигурно да се вратат во црковната заедница и повторно да изградиме доверба во нив“, додал Камински.
Тој рекол дека во неговата бискупија во последните 26 години се случиле 12 случаи на силување малолетници. Десет случаи се потврдени, од кои некои се однесуваат на деца на возраст меѓу 15 и 18 години. Во три случаи злоупотребувачите се предадени на правосудните органи. Двајца од нив се осудени.
Полската црква пред четири години во Краков на литургија се покајаа поради педофилијата во нејзиното свештенство.
Католичката црква доживува голема криза по бројните откритија на силување деца во повеќе земји. Во вторникот Германската црква се извини по објавениот извештај за полови напади врз повеќе од 3 600 малолетници во периодот од 1946 до 2014 година.
Папата Франциск во вторникот во Талин рече дека младите со право се гневни на Црквата поради начинот на кој ги решава случаите со свештениците кои силуваат деца.